Половина од евтините кредити од ЕИБ легнаа на сметките на фирмите

Bez autora
Jan 09 2012

Скоро половина од парите за евтини кредити од Европската инвестициска банка кои се дистрибуираат преку Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) се веќе на сметките на претпријатијата. Од МБПР информираат дека од кредитната линија од 50 милиони евра повлечена е првата транша од 23 милиони и парите се дистрибуирани за поддршка на 112 одобрени проекти. Александар Станојковски од МБПР вели дека во банката се започнати подготовките за повлекување на втората транша за остатокот од парите. Со првите одобрени 23 милиони евра ќе се помогне реализацијата на проекти вредни 44,87 милиони евра, а 73 отсто од нив се дадени како инвестициски кредити со рок на отплата до осум години, додека остатокот се за кредити за обртни средства со рок на отплата до три години. Со реализација на 112-те проекти треба да се отворат 434 нови работни места.

Половина од евтините кредити од ЕИБ легнаа на сметките на фирмитеСкоро половина од парите за евтини кредити од Европската инвестициска банка кои се дистрибуираат преку Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) се веќе на сметките на претпријатијата.

Од МБПР информираат дека од кредитната линија од 50 милиони евра повлечена е првата транша од 23 милиони и парите се дистрибуирани за поддршка на 112 одобрени проекти. Александар Станојковски од МБПР вели дека во банката се започнати подготовките за повлекување на втората транша за остатокот од парите. Со првите одобрени 23 милиони евра ќе се помогне реализацијата на проекти вредни 44,87 милиони евра, а 73 отсто од нив се дадени како инвестициски кредити со рок на отплата до осум години, додека остатокот се за кредити за обртни средства со рок на отплата до три години. Со реализација на 112-те проекти треба да се отворат 434 нови работни места.

За овие кредити со каматна стапка од 5,5 отсто апликациите се поднесуваат со НЛБ Тутунска банка, Прокредит банка, Охридска банка, Халкбанк, Шпаркасе банка Македонија и УНИ банка. Кредитите може да се користат за купување недвижности, машини, апарати, алати, возила, но и за тековните потреби на фирмите и набавка на стоки и материјали. Според правилата на ЕЕБ, не можат да се користат за финансирање проекти за производство на алкохол, оружје и муниција, за игри на среќа, финансиски дејности.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески пред крајот на минатата година најави дека во првиот квартал од оваа година ќе има нова инфузија за малите и средните фирми. Државата годинава планира да се задолжи со нов кредит од 100 милиони евра, а аплицирањето да почне кога ќе се искористат 70 отсто од актуелната транша од 50 милиони евра. Неколку дена, пак, пред Нова година министерот за економија Ваљон Сараќини најави нова кредитна линија на Европската инвестициска банка од 150 милиони евра, за проектот извозен факторинг со кој преку МБПР ќе се откупуваат побарувањата на домашните компании, а ќе се реализираат и други проекти.

Со претходната кредитна линија од ЕИБ во вредност од 100 милиони евра, која е целосно искористена, се поддржаа повеќе од 300 проекти и се отворија над 2.000 работни места.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik